Лидс направи голем успех, ја освои Чемпионшип лигата и по 16 години се врати во Премиерлигата.
„Ова е неверојатно чувство. Прославата не можете да ја купите. Вакво нешто се случува еднаш во животот. Треба само да уживаме. Не постојат многу зборови со кои може да се опише колку среќни се сите. Среќата не се купува, неа треба да ја создадете“, вели Алиоски.
Најзаслужен за успехот е легендарниот тренер, Марсело Биелса, Алиоски има само позитивни зборови за него.
„Мислам дека тој го промени менталитетот и духот во екипата. Фудбалерите сакаа да освојат нешто. Секој играч го следеше тоа што тој го сакаше. Успеавме. Доколку не верувате нема да успеете. Сите веруваа, се разбира имавме и лоши моменти како минатата сезона. Но доколку верувате ќе ги остварите вашите цели. Биелса е посебен човек, нема многу такви. Секогаш ќе му бидеме благодарни“.