Алексис Санчез пред заминување од Удинезе, познат и фаворитот за неговиот потпис

by Стефан
0 минути читање

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез како што стојат работите ќе го напушти Удинезе, а веќе се најавува и каде би можел да продолжи.

Екс-напаѓачот на Арсенал и Барселна, токму во Удинезе го започна својот европски пат, додека во клубот се врати во 2024 година.

Неговиот договор е со важност до 2026 година и најверојатно нема да биде продолжен. Според информациите најголем фаворит за неговиот потпис е клубот од неговата татковина Универзидад каде што настапуваше во младинските категории, но си замина премлад и не настапи во сениорска конкуренција.

Исто така како опција се споменува и аргентинскиот гигант Ривер плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани