Реал Мадрид можеби нема да му плати обесштетување на Ливерпул за ангажман на Трент Александер Арнолд, но „кралевите“ на играчот ќе му дадат околу 20 милиони евра за потпис.
Медиумите со месеци најавуваа дека Трент Александер Арнолд ќе го напушти Ливерпул по крајот на сезоната и ќе се пресели во Реал Мадрид, но фудбалерот постојано одбиваше да ги коментира гласините.
Сепак, тој денеска потврди дека заминува од Ливерпул, па сите очекуваат наскоро тој да биде потврден како ново засилување на „кралевите“.
Трент Александер Арнолд ќе пристигне на „Бернабеу“ како слободен играч, но нема да биде бесплатен и покрај тоа што Реал нема да му плати обесштетување на Ливерпул.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Реал Мадрид ќе му даде на десниот бек околу 20 милиони евра за ботус, сума која ја добија и Антонио Ридигер и Давид Алаба, кога како слободни играчи се преселија во Мадрид.
Што се однесува до платата на Трент Александер Арнолд, се шпекулира дека таа ќе изнесува околу 15 милиони евра бруто по сезона.