Алегри за црвениот картон на Алекс Сандро: Браво, треба да го наградиме!

by
1 минути читање

„Старата дама“ со
три бода си замина од „Бентегоди“, домаќините има за што да жалат откако ВАР
два пати ги спаси гостите, првиот пат беше одлучено дека играњето со рака на
Данило не е пенал, а вториот пат беше поништен досудениот пенал откако Бонучи
прв стигна до топката.

Во финишот од
мечот и втората минута од судиското надополнување имаше драма откако Верди се
најде во гол шанса, но Алекс Сандро не сакаше да ризикува ништо и го собори на работ
од шеснасетникот по цена на црвен картон.

„Да бидам искрен,
Паредeс требаше да направи прекршок порано
“ – вели Макс Алегри, кој не можеше да
гледа како ќе биде изведен слободниот удар.

„Браво за Алекс Сандро,
треба да биде награден, се жртвуваше за тимот… да не беше така, сега веројатно
ќе зборувавме за друг резултат“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×