Јувентус
претходно беше 100% во полуфиналните пресметки против Интер во Купот на
Италија, но „нероаѕурите“ синоќа со 1-0 го добија реваншот и за прв пат ја елиминираа
„старата дама“ во оваа фаза од натпреварувањето.
Дуелите помеѓу лутите
ривали секогаш носат искри, а така било и вчера, но далеку од очите на јавноста.
Медиумите од
Италија пренесуваат дека Масимо Алегри имал вербален дуел со директорите Дарио
Бачин и Бепе Марота, на кого им порачал: „Вие сте го*на, ќе финиширате како
шести!“
Тренерот на
Јувентус потоа во соблекувалната на своите фудбалери им рекол: „Мораме да
финишираме пред Интер, не смееме да им дозволиме да играат во Лигата на
шампиони“.
Откако на
Јувентус му ги вратија одземените бодови, „старата дама“ е на позицијата број
три на табелата со три бода повеќе од Милан и Рома и 5 повеќе од Интер.
На средбата со
новинарите, Макс Алегри порача дека сега целта е топ четири пласман, и заборави
да го вметне Интер помеѓу конкурентите.
„Треба да ја
одбраниме нашата позиција во Серија А, да се погрижиме Милан и Рома да останат
позади нас“ – рече предводникот на „Старата дама“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.