Алегри виде само една позитивна работа од мечот против Сампдорија

by
1 минути читање

Јувентус одигра лош меч, можеше и да загуби бидејќи Сампдорија двапати ја погоди конструкцијата од голот на Перин кој имаше и добри одбрани.

И Јувентус имаше неколку шанси, имаше и поништен гол, но не направи доволно за да победи.

Единствена светла точка од мечот за Алегри е тоа што тимот не прими гол.

„Да не се прими гол на два натпревари е добар знак, сега треба да се подготвиме за големиот натпревар против Рома“, вели Алегри.

„Сампдорија одигра добро во првото полувреме, ние покажавме некои добри работи по паузата и на крајот имавме голема шанса која за жал не ја искористивме“.

Она што беше истакнато од мечот беше ужасната статистика на Душан Влаховиќ во првото полувреме, Србинот имаше само три допири со топката во тој период.

„Не игравме добро во првото полувреме, но Душан одигра подобро во второто и треба да е само посмирен кога топката ќе дојде до него“.

„Бевме повеќе околу шеснаесетникот на противникот во вториот дел, но јасно е дека треба да работиме за да бидеме подобри“.

„Ни недостасуваат Погба и Киеза кои се значајни фудбалери. Сакаме да направиме нешто важни, но ни треба трпение“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×