Јувентус идеално го почна мечот против Рома, даде гол во 80. секунда, и имаше комплетна доминација во првото полувреме, но не победи, мечот заврши 1-1.
„На крајот можевме и да загубиме по тој корнер“, вели Алегри.
„Одигравме добро, но мора уште да напредуваме. Среќен сум со тоа што го одиграа момците, ова беше добар натпревар, Рома е одличен тим и Жозе секогаш знае како да го држи составот фокусиран“.
„Мурињо секогаш е паметен и знае како да ги чита натпреварите. Доколку не дојдете до поголемо водство кога можете, тогаш секогаш може да ви израмни“.
„Имавме исклучително силно прво полувреме и требаше да водиме повеќе. Потоа натпреварот се смири, не можете да очекувате дека тимот ќе доминира во текот на 90 минути“.