Алегри: Судиите беа добри, треба да го прифатиме поразот

by
1 минути читање

Откако му беа вратени бодовите, Јувентус сега води битка за место во Лигата на шампионите и во моментов е на третото место на табелата. Но има уште за игра и секој бод е важен.

Синоќа им беше поништен гол на Ди Марија поради фаул во зачетокот од акцијата. Голем дел од навивачите на Јуве сметаат дека судиите ги оштетиле, но Алегри не сака да се жали.

„Треба да останеме смирени, како и секогаш да ги прифатиме одлуките на судиите без разлика дали биле добри или лоши. Во спортивно е губење на енергија, бидејќи резултатот не можеме да го прифатиме“, вели Алегри.

„Судијата беше многу добар, му честитам за неговите перформанси“.

„Мислам дека Наполи апсолутно го заслужи Скудетото. Ние имавме некои потешкотии оваа сезона, особено откако ни беше дадена казната од 15 бодови. Се уште сме пред Милан и Интер, па сега треба да освојуваме бодови“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани