Алегри потпишал преддоговор со Рома, но една клаузула носи неизвесност околу неговото назначување

by
1 минути читање

Дел од медиумите
шпекулираат дека Масимилијано Алегри има преддоговор со Рома за да го преземе
кормилото на клупата на таа екипа, меѓутоа засега планот е тој да го наследи Пауло Фонсека за
идната сезона.

„Радио Радио“,
како и „Калчомеркато“ пренесоа дека поранешниот предводник на Јувентус веќе
потпишал договор за соработка со Рома, а се верува дека неговата годишна плата
ќе изнесува 4,5 милиони евра.

Истовремено, се
шпекулира и дека постои клаузула во преддоговорот помеѓу Алегри и Рома, за тој
да биде валиден само доколку „Римската волчица“ се избори за место во Лигата на
шампионите идната сезона.

Сево ова
навестува било каков пред-договор на Алегри со друг клуб во моментов, меѓутоа,
доколку ситуацијата со Фонсека не се промени на добро, постои можност Алегри да
биде назначен за нов тренер на Рома и нешто порано од предвиденото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×