Алегри: Погба покажа непочитување кон групата, затоа не беше во составот

by
2 минути читање

Погба неодамна ги одигра првите минути за Јувентус откако по вторпат потпиша за гигантот од Торино. Се очекуваше на мечот со Фрајбург да добие повеќе минути, но тој воопшто и не беше во составот.

Ден пред мечот Погба задоцнил на состанокот пред фудбалерите да заминат во карантин. Тоа е причината што Алегри реши да не го повика за натпреварот.

„Можам да потврдам дека Пол Погба доцнеше на тимската средба на ден пред мечот, затоа не беше на листата за мечот од Лигата Европа, се работи за почит кон групата“, вели Алегри.

„Пол по натпреварот ќе биде назад со останатите играчи и ќе биде во комбинација за следните мечеви“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани