Малку фалеше Јувентус да загуби на свој терен од Салернината, но малку фалеше и да победи. На крајот мечот заврши нерешено 2-2.
Јувентус во судиското продолжение влезе со негатива од 2-1, потоа Бонучи погоди за 2-2, па во 95. минута реализираше и Милик за 3-2, но неговиот гол беше поништен и предизвика големи полемики.
По натпреварите тренерите имаат обврска да дадат изјава за каналот „ДАЗН“ кој ги има ТВ правата.
„Сакам да одам и да јадам бидејќи е премногу доцна, не сакам да знам ништо“, изјави Алегри за „ДАЗН“ по мечот, а потоа сепак кажа нешто.
„Дали тоа беа многу лоши перформанси? Не, вие ќе речете да, но не ги гледате правилно натпреварите. Воведните 20 минути беа многу добри. Потоа постигнавме гол поради лоша интерпретација на Квадрадо“.
„Никогаш не зборувам за судиите по натпреварите, голот беше поништен и тоа е факт“.
„Единствено што сакам да видам уште еднаш е видео со позицијата на Антонио Кандрева, тој беше блиску до корнерот, не го видов видеото, велат бил најблиску до линијата. Го немаме тоа видео, не знам кој го има“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК