Јувентус е во криза, игра лошо и во Серија А и во Лигата на шампионите, притисокот врз Алегри е голем, но засега тој ја има поддршката од Ањели.
Алегри сам нема намера да си замине бидејќи така не би ја добил големата отштета која ќе му следува ако клубот му даде отказ.
Запрашан дали размислува да си даде оставка, тој рече:
„Не, апсолутно не, повозбудливо е кога предизвикот станува потежок“.
На Алегри можеби му е повозбудливо, но на навивачите на Јувентус не им е, тие преку социјалните мрежи ја бараат неговата „глава“.
„Тешко е да се објасни, можеме само да молчиме, бидејќи не одигравме добро во поглед на карактер. Мора да молчиме и да ја решиме ситуацијата“, вели Алегри.
„Не се работи за технички или тактички проблем, овој тим нема срце и пасија. Играме премногу индивидуално, треба да бидеме тим“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК