Алегри не планира да си даде оставка, смета дека тој е решение за проблемот

by
1 минути читање

Јувентус во Серија А нема пораз, но има само две победи и дури четири нерешени средби, се наоѓа на осмото место по шест одиграни кола. Во Лигата на шампионите ситуацијата е уште полоша, два порази од два натпревари.

Лошата форма на почетокот од сезоната почнува да ја тресе позицијата на Масимо Алегри, фановите бараат тој да добие отказ, сакаат нов тренер.

На твитер е актуелен хаштагот #Allegriout, но тој нема намера сам да си даде оставка, смета дека тој е решение за проблемот.

„Се чувствувам како дел од решението, мора да најдам решение“, вели Алегри

„Кога се вратив, знаев дека ќе ми биде потребно време за да изградиме победнички тим. За жал, не мислев дека ќе имаме два порази по ред. Важно е да одиграме добро во останатиот дел од Лигата на шампионите. Овие порази се загрижувачки, но бескорисно е да зборуваме премногу сега“.

По синоќешниот пораз, навивач на Јувентус го праша директорот на Јуве, Маурицио Аривабене дали ќе му дадат отказ на Алегри. Тој му одговори: „Потоа ти ќе платиш за следниот тренер?“.

Во интервју по мечот, Аривабене рече дека се шегувал со навивачот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×