Масимилијано
Алегри е еден од поголемите фудбалски стратези кои се споменуваат низ медиумите
како потенцијален кандидат за клупата на Манчестер јунајтед, каде по отказот за
Жозе Мурињо, како привремено решение е Оле Гунар Солскјер.
Алегри има
важечки договор со Старата дама до 2020. година, вели дека сака да остане во
клубот каде се чувствува среќен, а додаде дека сака да учествува во развивањето
на италијанскиот фудбал, кој, според него е фасцинантен.
„Јас имам договор
со Јувентус, среќен сум во овој клуб. Работиме одлично заедно со навивачите.
Пред нас се уште многу натпревари до крајот на сезоната“ рече Алегри.
„Италијанскиот
фудбал фасцинира, не сум уморен, воопшто, сакам да останам тука за да помогнам
во развивањето на италијанскиот фудбал. Вон овој свет, постојат многу работи
кои мораме да ги реализираме, ние треба да ги инволвираме децата за да
направиме подобра иднина на овој спорт“ заклучи Италијанецот.
Што се однесува пак до Манчестер јунајтед, оваа екипа тргна добро под водство на новиот тренер Солскјер, веќе влезе во низа од две победи во Премиерлигата, над Кардиф, односно Хадерсфилд, а викендов има можност да дојде до хет-трик, на домашен терен игра против Борнмут.