Алегри ќе биде „главен“ во Јувентус, прва желба на тренерот е Мек Алистер

by
1 минути читање

По оставките на
Андреа Ањели и неговите соработници, во новото раководство на Јувентус нема
„спортска фигура“ каква што беше потпретседателот Павел Недвед, па Макс Алегри
и спортскиот директор Федерико Керубини ќе имаат поголема моќ во продолжението
од сезоната и ќе ја кројат трансфер стратегијата.

Макс Алегри веќе
има неколку идеи на ум, и во моментов средниот ред е приоритет на стратегот.

Прв на списокот е
Адриен Рабио, кој има договор до 30. јуни 2023 година. Макс Алегри сака
Французинот да остане, но проблем се парите, понудата на Јувентус е инфериорна
во однос на она што клубовите од Премиерлигата можат да го стават на маса, а
интересот е голем, особено по добрите настапи на мундијалот во Катар.

Макс Алегри ќе се
обиде да ги најде правите зборови за да добие „ДА“ од Адриен Рабио, и да не го
загуби беспари. Во моментов не се размислува за негова продажба во
јануари, но ништо не се исклучува.

Под знак
прашалник е и иднината на Вестон Мекини, доколку пристигне права понуда,
репрезентативецот на САД може да замине и да донесе средства за засилувања.

На врвот на
листата со желби на Макс Алегри е Алексис Мек Алистер, кој имаше добри партии
во Катар и со Аргентина стана светски шампион. Брајтон трие раце и се надева дека
ќе може да инкасира помеѓу 35 и 40 милиони евра од продажбата на 24 годишниот
фудбалер од средниот ред.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×