Алегри ја направи математиката: Денеска ќе знаеме дали ќе ни требаат 72 или 73 бодови!

by
1 минути читање

Откако му ги вратија одземените 15 бодови на Јувентус, тие се во одлична позиција да се изборат за место во Лигата на шампионите. Моментално се на третата позиција на табелата со три бода повеќе од четвртиот Интер и пет од Аталанта, Милан и Рома.

Ова коло е исклучително интересно кога станува борбата за топ четири во Серија А, Милан игра со Лацио, Рома со Интер, а Јувентус гостува кај Аталанта.

„Има директни дуели кои ќе имаат влијание врз конечниот пласман за Лигата на шампионите. Денеска ќе знаеме дали ќе ни требаат 72 или 73 бодови за да завршиме во топ четири“, вели Алегри.

„Во моментов, математиката вели дека ни требаат 73 бодови. Можеби ќе бидат доволни и 72, но тоа зависи од денешните резултати. Нема уште да ве малтретирам со бројки за да не ви здодеам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани