Кристијано
Џунтоли е човекот кој ќе треба да го скрои новиот тим на Јувентус, искусниот
оперативец синоќа пристигна во Торино и почна да прави подготовки за новата авантура.
Неколку извори од
Италија пренесуваат дека спортскиот директор разговорал со Макс Алегри и двајцата биле
на мислење дека Сергеј Милинковиќ Савиќ треба да биде топ трансфер цел.
„Старата дама“ со
години се обидува да го ангажира Србинот и се чини дека летово ќе има права
шанса.
Популарниот СМС
има само уште една година од договорот па Лацио е подготвен да се раздели со
фудбалерот од средниот ред за 40 милиони евра.
Кристијано
Џунтоли смета дека оваа сума само ќе паѓа во следниот период, па ќе почека со
намера да издејствува најповолна зделка. Исто така, тој прво ќе мора да продаде
играчи како Вестон Мекини, Дениз Закариа и Артур Мело со цел да прибере средства.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.