Алегри денеска има состанок со директорите на Јуве за трансфер политиката во финишот од преодниот рок

by
1 минути читање

По синоќешниот лош меч против Сампдорија се создаде притисок врз Алегри, но денешниот состанок нема ништо со вчерашниот натпревар.

Не се работи за вонреден состанок, туку редовен, веќе испланиран, на кој ќе се дефинираат деталите за последните трансфери ова лето.

Се верува дека ново засилување на Јуве ќе биде напаѓачот Арек Милик, веќе е постигнат начелен договор со Марсеј.

Јувентус се надева дека ќе успее да го донесе и Мемфис Депај, преговорите со него се почнати од поодамна и се уште траат.

За средниот ред приоритет е Леандро Паредес од ПСЖ, но Јувентус треба да продаде некој од своите играчи од средината за да направи простор за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×