Але е најскапо засилување на Борусија Дортмунд, тој требаше да биде наследник на Халанд во новата сезона, но му се слоши на тренинг, по што му беше дијагностициран рак.
Тој веднаш ја започна борбата против проклетата болест и денеска го имаше првиот пост од болница.
„Здраво на сите, сакам да ве информирам дека чекорот број 1 е комплетиран! Би сакал да се заблагодарам на Борусија Дортмунд и на медицинскиот тим кои беа исклучителни со мене. Големо благодарам и на целиот персонал во болницата за нивната поддршка“, напиша Але.
Bsr tt le monde je tenais à vs informé que la 1er Étape a été accomplie!
Je tiens à remercié être le @BVB et l’équipe médical qui ont été exceptionnel ac moi. Un grand merci également à tt le personnel soignant de l’hôpital pour leur accompagnement – bienveillance#step1 pic.twitter.com/jr1G7ILYZI— Sébastien Haller (@HallerSeb) July 21, 2022