Милан долго време преговара со Клуб Бриж за ангажман на 21-годишниот Шарл Де Кетеларе. Се очекува преговорите да завршат позитивно.
Албертини смета дека Де Кетеларе ќе прерасене во голема фудбалска ѕвезда, го споредува со Де Брујне и Крос.
„Доколку Милан решил да даде 35 милиони евра, тоа значи дека тие го вреднуваат него“, вели Албертини.
„Во системот 4-2-3-1 на Пиоли, тој може да игра на повеќе позиции, но пред се тој игра зад напаѓачите. Тој е модерен играч, репрезентативен калибар, има 21 година, но има повеќе искуство во Лигата на шампионите од многу сегашни играчи на Милан“.
„И ќе видите дека тоа е значаен фактор“.
„Милан го одбра Де Кетеларе, но и тој ги одбра росонерите, тој знае дека техничкиот проект е перфектен за него“.
„Тој не е само талентиран, може да биде корисен за тимот поради тоа што игра на многу позиции на теренот, може да покрие таму каде што ќе има потреба“.
„Мислам дека има потенцијал да дојде до височините на Де Брујне или Крос, иако има различни карактеристики од нив“.
„Таков е фудбалот денеска, во мое време Бобан беше еден од неколкуте што играа на тој начин, тој беше неверојатно модерен и имаше исклучителни квалитети, тоа му овозможуваше да игра и како крило и зад напаѓачите на многу високо ниво“.
„Де Кетеларе е различен од Бобан, но може да игра на многу позиции како и он“.