Албанските навивачи се обиделе да ги нападнат фудбалерите на Србија!

by Стефан
1 минути читање

Тирана вечерва е под силно безбедносно обезбедување, додека албанската и српската репрезентација се подготвуваат за еден од наjтензичните дуели во рамки на квалификациите за Светското првенство. Според српските медиуми, атмосферата е далеку од спортска, албански навивачи наводно се обиделе да им се приближат на српските фудбалери.

Според информациите на Информер, албанските навивачи уште од утринските часови се на улиците на главниот град, слават, пеат и го најавуваат „натпреварот на деценијата“ за нивната селекција. Иако засега нема регистрирани посериозни инциденти, српски навивачи не се присутни во Тирана, што значително ја олеснува работата на безбедносните служби, пренесуваат меидумите во Србија.

Но, ситуацијата се заостри еден час пред почетокот на натпреварот, кога автобусот со српските фудбалери се движел кон стадионот. Голема група албански навивачи се собрала на булеварот каде што, според информациите, требало да помине српскиот тим. Сепак, полицијата употребила тактички трик, испратила возило со ротација како мамка, а автобусот со играчите бил пренасочен низ споредни улици и безбедно пристигна на арената.

Натпреварот започнува во 20:45 часот/

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани