Албанија ќе биде домаќин на пресметката помеѓу Англија и Исланд во Лигата на нации?

by
2 минути читање

Фудбалската
асоцијација на Англија е информирана дека Албанија е една од кандидатите земји
за да биде домаќин на пресметката помеѓу Англија и Исланд во рамките на Лигата
на нации, меч предвиден да се одигра идната среда.

ФА денеска имала
разговори со властите во земјата за да се увери дали постојат пречки околу тоа
мечот со Исланд да се одигра на „Вембли“ со оглед на новите рестрикции околу
заштитата од коронавирусот.

Проблемите за
мечот со Исланд се појавија на Островот откако беше воведена забрана за влез на
граѓани од Данска уште од саботата наутро, а сето тоа поради загриженост по
вестите дека коронавирусот почнал да се шири од визон на луѓе. Едно мало појаснување за визоните, тие се инаку животни од семејството куни и лисици, а се најавуваше дека Данска планира да уништи цела популација на визоните откако кај нив била откриена мутација на коронавирусот која се пренесува на луѓето.

Забраната важи и
за граѓани на Велика Британија, па доколку би сакале да се вратат од Данска,
истите би морале да поминат карантин во период од 14 денови, а според новите
правила на експедицијата на Исланд би и било забрането да гостува во Англија,
со тоа што и повеќе од јасно е дека таа пресметка би можела да се игра на друго
место, а не на „Вембли“ како што беше планирано.

Неизвесноста
околу организацијата на овој натпревар ги доведе челниците на ФА да размислуваат
за одредени алтернативни опции, а како што известува „Спортсмејл“, се верува
дека мечот ќе се игра на неутрален терен, а Албанија наводно е најсериозниот
кандидат да биде земја домаќин на двете селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани