Алардајс: Никој не знае повеќе фудбал од мене, ни Пеп, ни Клоп, ни Артета – никој! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со враќањето на Големиот Сем се вратија и неговите легендарни изјави, па уште на првата прес-конференција како тренер на Лидс излезе со изјава која стана вирална.

Алардајс вели дека никој не знае повеќе од него фудбал, Пеп, Клоп и Артета можеби се еднакви како и тој, но не се пред него.

„Многу луѓе мислат дека сум стар, дека сум актиквитет, што е далеку од вистината. Можеби имам 68 и изгледам старо, но никој не е пред мене во фудбалска смисла. Ниту Пеп, ниту Клоп, ниту Артета. Тие прават тоа што тие го прават, јас правам тоа што јас правам. Но, во поглед на знаењето, длабочината на знаењето, нема да кажам дека сум подобар, но сигурно сум добар колку и тие“, рече Сем Алардајс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×