Алаба го објасни гласањето за Меси, на фановите на Реал Мадрид сега им е појасно (ФОТО)

by
1 минути читање

Официјалната информација е дека Алаба најмногу гласови му дал на Меси, па на Бензема, па на Мбапе. Откако фановите на Реал го видоа тоа, упатија жестоки навреди кон фудбалерот, некои од тие беа и расистички, а голем дел од навивачите бараа да си оди.

Но, Алаба објасни дека во селекцијата на Австрија не гласа само капитенот, туку гласаат сите играчи и така се одлучува кој колку гласа ќе добие. Тој потенцираше дека за него Бензема е најдобриот напаѓач во светот.

„Во вреска со наградата ФИФА „Д’Бест“. Австрискиот национален тим гласа за наградата како тим, не само јас. Секој во репрезентацијата може да гласа и така се одлучува. Сите знаат, особено Карим, колку многу го почитувам и него и неговите игри и често сум велел дека за мене тој е најдобриот напаѓач во светот и тоа уште е така. Без сомнение“, напиша Алаба.

Откако го видоа неговиот пост фановите на Реал Мадрид, ја „смирија топката“ и престанаа со навредите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани