ПСЖ уште минатиот
месец се договори со Милан Шкрињар, но шампионот на Франција никако да најде
заеднички јазик со Интер за висината на трансферот.
„Нероаѕурите“
одбија еден предлог вреден 50 милиони евра, плус фудбалер, и уште еден предлог
вреден 55 милиони евра, плус фудбалер. Интер одреди цена од 70 милиони евра, и
инсистираше целата сума да биде платена со пари, без да се вметнува фудбалер.
Откако преговорите
тапкаа во место подолго време, Интер минатата недела реши дека Милан Шкрињар не
е на продажба, а според Л’Екип, зад ваквата одлука стои и арогантното
однесување на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Тој му се заканил
на Интер дека беспари ќе им го земе Милан Шкрињар, односно ќе потпише со
дефанзивецот следното лето како слободен агент.
Милан Шкрињар е
под договор до јуни 2023 и Интер планира да седне на преговори со Словакот
веднаш штом ќе заврши преодниот рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.