Мбапе сака да остане уште една година во ПСЖ за да го добие договорениот огромен бонус, а потоа како слободен играч бесплатно да го напушти францускиот клуб.
Но, Ал Келаифи вели дека невозможно е тоа да се случи, Мбапе има ултиматум, опциите се две, или да го продолжи договорот со цел да не си оди како слободен играч идното лето или да биде продаден уште во овој преоден рок.
„Дали можам да гарантирам останување на Мбапе? Позицијата е многу јасна и нема сто пати да ја повторувам. Ако сака да остане – ќе мора да го продолжи договорот. Не сакаме да го загубиме најдобриот фудбалер бесплатно, такво нешто е невозможно Тоа е тоа. Килијан Мбапе има недела до две да одлучи. Не повеќе од тоа. Доколку не сака да потпише нов договор, вратата му е отворена. Никој не е поголем од клубот, ниту играч, ниту јас. Тоа е многу јасно“, рече Ал Келаифи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.