96
Тео Ернандез наскоро ќе одлучи дали ќе ја прифати богатата понуда од Ал Хилал и ќе замине од европскиот елитен фудбал.
Ал Хилал се договори со Милан. Саудијците ќе платат 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Но, се уште нема договор меѓу саудискиот клуб и Тео Ернандез.
Ернандез на маса има богата понуда, но не донел одлука дали ќе ја прифати. Се очекува да одлучи во наредните денови.
Дилемата е дали да тргне по големите пари во Саудиска Арабија или да остане во Европа и да игра вистински фудбал.