Ал Хилал го изненади Фламенго и обезбеди финале на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Фламенго во мечот влезе како голем фаворит, но Ал Хилал е тимот кој се радува на пласман во финалето. 

Победата беше најавена уште во четвртата минута коа Ал Давсари постигна гол за водство на Ал Хилал од 1-0, но во 20. минута Педро изедначи на 1-1.

Длабоко во судиското продолжение од првото полувреме Ал Давсари постигна нов гол и го врати водството на Ал Хилан, овојпат на 2-1.

Во 70. минута Вието даде гол за предност и од 3-1 за тимот од Саудиска Арабија, а во 91. минута Педро со својот втор гол на мечот само го ублажи поразот поставувајќи ги конечните 3-2.

Ал Хилал во финалето ќе игра со победникот од утрешниот меч меѓу Ал Ахли и Реал Мадрид, дуелот започнува од 20 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани