„Ако толку не му чинам зошто ми ги понуди Погба и Мики пред два месеци?!“ – Гвардиола му одговори на Ројала

by
2 минути читање

Контроверзниот
агент никогаш не криел дека не е фан на Пеп Гвардиола, и минатиот месец преку
медиумите од Англија „удри“ по Шпанецот. Мино Рајола го нарече Пеп Гвардиола кукавица
и куче.

Менаџерот на
Манчестер Сити сега реши да одговори и запраша зошто пред неколку месеци му
биле понудени Пол Погба и Хенрих Мхитарјан.

„Луѓето конечно
ја открија мојата тајна, открија колку лоша личност сум“
– порача иронично
стратегот. “Никогаш не сум разгоравал со него, па не знам од каде му се овие
заклучоци, можеби Ибрахимовиќ му кажал
.

„И ако веќе толку
многу не му чинам, зошто пред два месеци ми ги понуди Погба и Мхитарјан? Зошто
сакаше Мики и Погба да играат со нас. Негова задача е да ги заштити своите клиенти,
и знае дека не треба да ги донесе кај човек како мене, кој е куче
.

„Исто така,
споредбата со куче е лоша. Треба да има повеќе почит кон кучињата
.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите зборови или пак ова е само провокација пред
дуелот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед во кој „Граѓаните“ со победа
над лутиот градски ривал можат да стигнат до титулата во Премиерлигата.

Пол Погба навистина
имаше проблеми со Жозе Мурињо во јануари, и од тогаш па наваму постојано се
пишува дека неговата иднина на Олд Трафорд е под знак прашалник, но тешко може
да се замисли негов трансфер на Етихад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани