Ако реши да биде „предавник“, Чалханоглу може да бира со кој ќе го изневери Милан, и Јуве и Интер се интересираат за него

by
1 минути читање

Хакан Чалханоглу синоќа одигра одличен меч за Турција и помогна за победа над Русија од 3-2. Неговите добри игри во дресот на Милан го привлекуваат вниманието и кај другите клубови, особено поради актуелната ситуација со неговиот договор.

Договорот на 26-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни следната година, нејасно е дали ќе се договори со Милан за продолжување на соработката.

Во изминатите години Јувентус покажа дека е мајстор на трансфер пазарот кога се во прашање фудбалери на кои им истекува договорот. Тие се поврзуваат и со Чалханоглу.

Но, интерес има и од Интер, доколку Турчинот прифати понуда од нероазурите, ќе остане во истото место на живеење, само ќе ги промени боите на дресот.

Чалханоглу ќе има три опции, едната е да го продолжи договорот со Милан, втората е да отиде во голем ривал на росонерите како што се Јувентус или Интер, и третата е да замине од Италија бидејќи интерес за него има и од шпански и англиски клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани