Ако Реал стане шампион, Малага ќе добие 1 милион евра… но ќе загуби 1,74 милиони

by
2 минути читање

Популарните „Албиселестес“ се последната пречка на „Кралевите“ на патот кон титулата.

Доколку Реал Мадрид остане непоразен на Ла Росаледа ќе стане нов шампион на
Шпанија.

Малага е на средината од табелата, па нема посебен мотив за овој натпревар,
секако освен оној финансискиот.

Веќе беше објавено дека Малага ќе добие 1 милион евра доколку не го победи
Реал Мадрид и „Кралевите“ станат шампиони.

Ова се должи на клаузулата од договорот помеѓу Малага и Реал Мадрид кога
Иско направи трансфер на Сантијаго Бернабеу во 2013.

Доколку Реал Мадрид стане шампион во следните пет години од овој трансфер,
Малага добива бонус од 1 милион евра.

Мадридскиот весник АС денеска направи нова пресметка според која Малага
може да добие 1 милион евра, но и да загуби 1,74 милиони.

Ова се должи на начинот на кој се распределуваат парите од ТВ правата, за
кои се зема период од пет години.

Доколку Малага го совлада Реал, сигурно ќе заврши на 11. позиција на
табелата, и ќе добие 3,06 милиони евра ова лето и вкупно 8,74 милиони евра до
2022

Во случај да заврши на 12. позиција, Малага ќе добие 2,75 милиони евра сега
и вкупно 7,86 милиони во следните пет години.

Во најлошо сценариo и финиш на 13. позиција, Малага ќе добие 2,45 милиони
евра сега и вкупно 7 милиони евра до 2022.

Разликата е 1,74 милиони евра, што значи дека Малага ќе има поголема
финасиска добивка доколку го победи Реал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани