Необично ветување на еден од најважните шпански репрезентативци, рече дека ќе го тетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте.
Шпанија стигна до финалето, а шпанските медиуми потсетуваат на едно ветување кое го даде Марк Кукуреља пред почетокот на Мундијалот.
„Ако Шпанија го освои Светското првенство, ќе го истетовирам ликот на Луис де ла Фуенте“, рече тогаш Кукуреља.
Слично ветување даде и пред Европското првенство 2024 година. Тогаш вети дека ќе ја обои неговата специфична коса во црвено ако го освои пехарот. И го исполни ветувањето.
Кукуреља кариерата ја почна во младинските категории на Барселона, а потоа преку Еспањол и Гетафе, стигна до Англија во Брајтон, па во Челси. Од идната сезона ќе игра во дресот на Реал Мадрид, кој го потпиша сред траење на Мундијалот.