На „островото“ често има дебати за расизам и дискриминација на фудбалските терени, а во последно време се говори за тоа дека црнците не добиваат иста шанса да бидат тренери како и белците.
Легендата на Ливерпул, Џон Барнс сега вели дека „црвените“ немале да имаат толку големо трпение со Јирген Клоп и ќе му врачеле отказ на стратегот доколку се работело за црнец.
Германецот имше слаби резултати во првите две-три години, Ливерпул под негово водство почна да игра на врвно ниво во сезоните 2018/19 и 2019/20 кога беа освоени титули во Лигата на шампиони и Премиерлигата.
„Видете, можете да поставите одредена структура, но се додека не ја промените перцепцијата, ништо нема да се промени“ – вели Џон Барнс.
„Ќе го употребам Клоп како пример. Колку успешен беше во првите две години, заостануваше 25 бода од првиот на табелата, така? Но верувавме дека тој е правиот човек. Под други околности, тој ќе останеше без работа. Ако беше црнец, ќе добиеше отказ во тие први две години“.