„Ако кажам што мислам, ќе треба да платам многу пари!“ – Белингем тешко го прифаќа спорниот пенал

by
1 минути читање

Челси синоќа со
2-0 ја совлада Борусија Дортмунд и се пласираше во четвртфинале во Лигата на
шампиони. Рахим Стерлинг на крајот од првиот дел ја анулираше предноста на
„милионерите“ од првиот натпревар, а на стартот од вториот дел, Каи Хаверц од
пенал го постигна голот кој знаеше пласман во следната рунда.

Гостите беа
прилично разочарани од ваквиот развој на настаните, а по крајот на натпреварот
своето незадоволство го искажа Џуд Белингем.

„Од мојата
позиција ми се чинеше дека беше премногу блиску до топката, што да прави со рацете во
таква ситуација?“
– вели Англичанецот.

„Не сакам да си
направам проблеми, веќе платив многу (во 2021 беше казнет со 40.000 евра за
критики кон судијата на дербито со Баерн) па ако кажам што мислам сега…“

„Ова е големо
разочарување, а да не почнам да зборувам за тоа што судијата го понови пеналот,
тоа е смешно. На секој пенал, особено кога тој што изведува тргнува со бавно
темпо, има играчи кои влегуваат во шеснаесетникот“.

„Но тоа е што е,
судијата донесе одлука“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани