Ако Елмас остане во Лајпциг сезоната ќе ја отвори против шампионот

by 24 фудбал
0 минути читање

Баерн Минхен и Лајпциг ќе ја отворат новата, 63. сезона во Бундеслигата.

Германската елита стартува на 22 август (петок) со натпревар од 20:30 часот на „Алијанц Арена“, каде што шампионот Баерн ќе го пречека амбициозниот тим на Лајпциг.

Во редовите на гостите засега сè уште се наоѓа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но останува неизвесно дали ќе остане во клубот и следната сезона или ќе биде позајмен/продаден. Целосниот распоред на Бундеслигата ќе биде објавен утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×