363
Со месеци се
шпекулираше дека Јувентус се обидува да го ангажира Филип Костиќ, во еден
момент и Вест Хем се приклучи во трката за потписот на Србинот, но конечно
падна договор помеѓу „старата дама“ и Ајнтрахт Франкфурт.
Неколку извори од
Германија и Италија попладнево пренесоа дека е подадена рака за трансфер вреден
околу 17-18 милиони евра.
Од таборот на
„орлите“ потврдија дека Филип Костиќ нема да патува во Финска за дуелот против
Реал Мадрид во Суперкупот на Европа.
Се очекува
Србинот во текот на денот да пристигне во Торино за да ги помине лекарските
прегледи и да го комплетира трансферот во Јувентус.