Ајакс може да остане без уште еден играч, Челси на маса стави 50 милиони евра

by
1 минути читање

Ајакс остана без неколку играчи ова лето, последен кој замина е Антони во трансфер вреден 100 милиони евра.

Но шампионот на Холандија може да изгуби уште еден фудбалер откако во последните часови од преодниот рок на вратата им тропна Челси.

Неколку извори пренесуваат дека „сините“ понудиле 50 милиони евра за Едсон Алварез. Мексиканецот притиска за трансфер со оглед на тоа дека ќе заработува 4 пати повеќе во Лондон.

Проблем е тоа што преодниот рок во Холандија веќе заврши, па Ајакс нема да може да донесе соодветна замена за дефанзивецот од средниот ред и прашање е дали ќе даде зелено светло за реализирање на зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×