Ајакс и Спортинг тргнаа со убедливи победи во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По нешто повеќе од половина час беше познато кој ќе биде победникот на мечот меѓу Ајакс и Ренџерс, домаќините за 33 минути веќе имаа водство од 3-0.

Резултатот го отвори Алварез во 17. минута, Бергуис во 32. погоди за 2-0, а во следниот напад гол даде и Кудус за 3-0.

На десет минути пред крајот Бергвејн ги постави конечните 4-0 за Ајакс.

Ајнтрахт Франкфурт доживеа дебакл на свој терен откако загуби со 3-0 од Спортинг Лисабон.

Мрежите мируваа до 65. минута кога Едвардс постигна гол за водство на Спортинг од 1-0, а само две минути подоцна Тринкао реализираше за 2-0, конечните 3-0 беа дело на Сантош во 82. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×