АИК објасни зошто талентираниот Исак се преселил во Дортмунд а не во Реал Мадрид

by
1 минути читање

17 годишниот
Швеѓанец се најавува како „новиот Ибрахимовиќ“ и му се предвидува блескава
кариера.

За неговиот
услуги интерес пројавија голем број клубови, во еден момент се шпеклираше дека
Александер Исак ќе потпише за Реал Мадрид, но Борусија Дортмунд успеа да го
украде талентот пред носот на „Кралевите“.

Можноста за
поголема минутажа во редовите на „Милионерите“ на крајот била пресудна за
играчот.

„Имаше напредни
преговори со Реал Мадрид и Исак
– вели спортскиот директор на АИК, Бјорн Вестром.

„Но на крајот
понудата на Борусија Дортмунд беше идеална за сите инволвирани страни, добра за
АИК но пред се добра за Александер Исак и неговата кариера
.

Двата клуба не
открија детали од зделката, медиумите шпекулираат дека трансферот е вреден 9
милиони евра, рекордна сума за клуб од Шведска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани