Озил беше еден од најкритикуваните фудбалери во поразот на Арсенал од Баерн Минхен од 5-1. Но неговиот агент, Еркут Согут не се сложува со мислењата на повеќето.
„Критиките се нормални кога фудбалер игра лошо. Но Месут смета дека луѓето не се фокусираат на неговите перформанси, туку го користат како жртва за лошите резултати на тимот“.
„Баерн имаше 74% посед на топка. Како некој кој игра на позиција 10 може да креира шанси ако ја немате топката?“.
„Во вакви натпревари луѓето обично критикуваат фудбалер кој чини многу пари и кој заработува многу пари, тоа е Озил. Но тој не може секогаш да биде жртва, не е фер“.
„Фудбалот е тимски спорт и Арсенал не игра добро како тим. 11 фудбалери беа на теренот, но само Месут беше критикуван. Тој ли беше виновникот за пет примени гола?“.