Агентот на Веа жестоко распали по Јувентус: Срамота, од пари и себичност се ќе направите!

by bojan
1 минути читање

Агентот на Тимоти Веа бурно реагираше откако Јувентус реши да го изостави фудбалерот од тимот со цел да го принуди да направи трансфер во Нотингем Форест.

Оваа недела, Нотингем Форест тропна на вратата на Јувентус и понуди 25 милиони евра за ангажман на Тимоти Веа и Самуел Мбангула.

Фудбалерите не се привлечени од идејата да се преселат во редовите на „шумарите“ но на „старата дама“ и тоа како им требаат овие 25 милиони евра за ангажман на нови засилувања, особено Џонатан Давид, со кого се пеглаат последните детали.

Па за да изврши притисок, Јувентус ги изостави двајцата од тимот и ги испрати на трибини за пресметката против Манчестер Сити, потег кој не му се допадна на агентот на Џонатан Давид.

„Ова е срамно однесување. Веа е фантастичен фудбалер и соиграч. Па кога ќе видам дека луѓе се однесуваат вака поради пари и себичност, многу сум разочаран“ – вели Баду Самбаге

„Додека јас сум тука, нема да дозволам еден од моите фудбалери да биде вака третиран, да биде шуткан лево или десно како марионета. Среќен сум што Тим има врвно образование и е топ професионалец, па се фокусира само на играта“.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×