Тонали го напушти Милан и се пресели во Њукасл, трансферот наскоро треба и официјално да биде соопштен од двата клуба.
„Тешко е да одбиете толку голема понуда и за клубот и за играчот. Ги договоривме сите услови на Тонали со Њукасл и двата клуба го финализираат договорот“, вели агентот Рисо.
„Договорот со Њукасл ќе биде во трајност од шест години“.
„Ова е одличен договор, Њукасл е перфектен проект за Тонали. Њукасл го сакаше Сандро како клучно засилување по секоја цена“.
„Тој ќе биде клучен играч за Њукасл. Договорот исто така е од голема финансиска помош за Милан и Бреша“.
Причината поради која Бреша има корист е затоа што имаат намалување на таксата за продажба како дел од нивната првична продажба на Милан за 19,5 милиони евра во 2020 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.