По мечот со Сасуоло, Мурињо рече дека Рома била предадена од еден свој фудбалер. Португалецот не спомена име, одби да го направи тоа, но на сите им беше јасно дека играчот е Рик Карсдорп.
Неговиот агент е изненаден од критиката на Мурињо, но и се чуди како сите знаат дека е Карсдорп, а не беше спомнато име.
„Изненаден сум од зборовите на Мурињо, сакам објаснување. Исто така сме изненадени од фактот што сите го вперија прстот во Рик и покрај тоа што ниту Мурињо, ниту Рома не го кажа неговото име“, вели агентот Хенкес.
„Сакаме објаснување од клубот за зборовите на тренерот и начинот на кој го направи тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.