Агентот на Гвардиол ги разочара гигантите ширум Европа

by
1 минути читање

Јошко Гвардиол
важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, неговото име од поодамна
е во бележниците на гигантите, а со добрите партии на мундијалот во Катар,
интересот станува се поконкретен.

Во разговор со
Скај Германија, агентот на Хрватот вели дека тие не брзаат со заминување од РБ
Лајпциг

„Не се брзаме со
трансфер, и со сигурност можам да кажам дека немаме пред-договор со ниту еден
клуб. Да, точно е дека голем број на клубови добиваат информации за неговата
ситуација, но Јошко има долгогодишен договор и многу е среќен во Лајпциг“

вели Марјан Шишиќ.

Тој исто така додава
дека во договорот нема откупна клаузула, како во случајот на Ерлинг Халанд или
Кристофер Нкунку.

Тоа значи дека клубовите
како Челси, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер јунајтед ќе треба да седнат на маса
со „биковите“ и веројатно да наддаваат, што дополнително ќе ја зголеми цената
на Хрватот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани