Агентот на Бензема со докази за повредата и го праша Дешам: Зошто толку рано му кажа да замине?

by
1 минути читање

Карим Бензема продолжува да ја бранува француската јавност, неговиот агент изнесе сериозни обвинувања кон селекторот Дидје Дешам.

Напаѓачот се повреди пред Светското првенство и беше испратен дома, но многу побрзо од очекувањата се опорави и доколку останеше во тимот, ќе можеше да помогне во нок-аут фазата.

Карим Џазири на социјалните мрежи објави видео од повредата на Карим Бензема и откри дека разговарал со тројца различни специјалисти, кои му потврдиле дека напаѓачот ќе можел да игра веќе во осминафиналето.

Па тој го праша Дидје Дешам: „Зошто толку рано му кажа да замине?

Потоа на социјалните мрежи се огласи и самиот Карим Бензема, кој порача: „Кога еднаш ќе погледнете, добро знаете што се случило“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×