173
Утринава претседателот на Хетафе, Анхел Торес изјави дека штотуку му го понудиле Герет Бејл.
Се веруваше дека Герет Бејл не сака да замине од Мадрид, па Хетафе го гледа како клуб каде би можел да остане во градот и да продолжи да игра фудбал уште една сезона со цел да биде подготвен за Светското првенство.
Но, ова сценарио го демантира агентот на Бејл, Џошуа Барнет.
„Го немам ни бројот од претседателот на Хетафе…“, се смее Џошуа на прашањето дали го понудиле Бејл на овој клуб.