Агентот на Бејл: Ќе си седи во Реал и ќе си зема 17 милиони евра плата

by
1 минути читање

По ре-стартот на
сезоната во Шпанија, Герет Бејел дремеше на клупа, каде му беше прилично
досадно па мораше да наоѓа замимација. Против Алавес, заштитната маска ја стави
преку очи и дремна малку, а против Гранада си правеше двоглед.

Иако на сите им е
јасно дека играчот nне е дел од плановите на Зинедин Зидан, неговиот агент вели
дека иднината на Велшанецот е во Мадрид.

„Има уште две
години од договорот, му се допаѓа животот во Мадрид и не мрда од Реал. На исто
ниво е со сите други од тимот, па останува на Зидан дали ќе му укаже шанса или
нема. Секако дека има интерес од други клубови, но практично и да нема клуб во
светот кој може да си го дозволи. Штета што не игра повеќе, но нема да замине“

вели Џонатан Барнет.

Герет Бејл е најплатениот
фудбалер на Реал, има нето плата од околу 17 милиони евра, или бруто плата од
околу 34 милиони евра, па јасно е зошто неговиот агент вели дека е практично невозможно
другите клубови да си го дозволат, а и зошто Велшанецот не брза со заминување од
Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×