Реал Мадрид и
Барселона често се надмудруваат на трансфер пазарот за да ги добијат
најголемите таленти од Јужна Америка, „каталонците“ го добија Нејмар а
„кралевите“ одговорија со ангажман на Винисиус Жуниор, Родриго и неодамна
Ендрик.
Клубот од Камп
Ноу пак ја доби битката за потписот на Витор Роке, а еден од клучните луѓе во
договарањето на зделките е Андре Кури.
Во разговор со Кадена
СЕР, тој сега открива како Винисиус Жуниор и Родриго завршиле на „Бернабеу“.
„Се беше
договорено за трансфер на Винисиус на Камп Ноу, но Реал дозна дека тој е во
Барселона и го покани во Мадрид. Винисиус се сретна со Реал бидејќи на тоа
инсистираа неговите агенти. Работевме на зделката три години и на крајот неговите
агенти ни забија нож во грб. Самиот Вини ми има кажано дека навивал за Барса,
плачел кога го направија епскиот кам-бек од 6-1 против ПСЖ“ – раскажува Андре
Кури.
„Тоа со Винисиус беше
чисто предавство, во Реал Мадрид не знаеа каков играч е тој“.
„Што се однесува
до Родриго, преговаравме со Сантош, не успеавме на време да го окончаме
договорот па Реал Мадрид скокна и понуди многу повеќе пари. Неговиот татко ми
кажа дека ќе ја одберат Барса доколку падне дил помеѓу Барса и Сантош, но тоа
не се случи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.