Агентите на Де Кетеларе: Лидс понуди 40 милиони евра, Милан двојно помалку но…

by
1 минути читање

Шарле Де Кетеларе
вчера го комплетираше трансферот на Сан Сиро по долги преговори и натегање
помеѓу Клуб Бриж и Милан.

Неговите агенти
сега раскажаа што се случувало изминативе недели, како постоело ризик зделката
да пропадне откако по средбата во Белгија, клубовите повеќе не сакале да
разговараат.

„Милан подолго време го следеше Де Кетеларе, но
првите контакти беа остварени пред две години. Тогаш Шарле беше голем талент, а
на Милан му требаше фудбалер кој веднаш ќе се наметне како клучен играч“

раскажуваат Том де Мул и Јама Шарифи.

„Лидс пројави
конкретен интерес, навистина го посакуваа, но Шарле сакаше да види дали и некој
друг клуб ќе загриза“.

„Му се јавивме на
Милан, им кажавме дека сега ќе мора навистина да притиснат доколку сакаат да го
ангажираат Де Кетеларе. Малдини беше зафатен со продолжување на својот договор,
но најде време да му се јави. Пиоли исто така разговараше со Шарл, и го убедија
дека Сан Сиро е правото место“.

„Но проблем беше
тоа што Лидс понуди 40 милиони евра, а Милан двојно помалку. Клуб Бриж немаше
шанси да прифати да го продаде за 20 милиони евра, „росонерите“ мораа да ја
зголемат понудата“.

„Во еден момент
се чинеше дека зделката ќе пропадне, по средбата во Белгија, двата клуба повеќе
не сакаа да разговараат. Потоа се сретнавме во Лугано, две суспер-сили влегоа во
конфротација и се случи навистина голема битка. Луѓето од надвор не можат да
разберат колку е тешко да се разрешат вакви ситуации. Ние напорно работевме за
трансферот да се реализира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани