Агенти се „тепаат“ за провизија од 20 милиони од рекордниот трансфер на Антони, Бразилецот се огласи на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Антони во
Манчестер јунајтед за 95+5 милиони евра е најскапиот трансфер ова лето и
рекордна продажба на клуб од Холандија.

Напаѓачот веќе
дебитираше за „ѓаволите“ и постигна гол во дербито со Арсенал, но зделката не е
целсно завршена за агентите кои биле инволвирани.

Медиумите од „островото“
пренесуваат дека различни агенти земаат заслуга за рекордниот трансфер и бараат
колач од провизијата вредна 20 милиони фунти.

За провизијата се
„тепаат“ агенцијата Форца Спортс Груп предводена од Ревиен Канаи и Жуниор
Педросо, личниот агент на Антони.

Самиот Антони
дури се огласи на социјалните мрежи и побара неговото име да не се поврзува со
Форца Спортс Груп.

„Ова мора да е
некоја шега!? После толку многу работа од нашиот тим/семејство, некоја
непозната личност сака да превземе контрола врз мојот трансфер. Ве замолувам да
го избришете моето име од оваа објава, бидејќи ВИЕ не бевте инволвирани во
преговорите за мојот договор ниту пак во преговорите за трансфер помеѓу двата
клуба“
– гласеше пораката на Бразилецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×